Во натпревар кој донесе разочарување за македонските навивачи, еден неочекуван гостин успеа да измами насмевки на трибините и да стане еден од најзабележителните моменти на вечерта.

Во текот на првото полувреме, куче влезе на теренот на стадионот во Скопје и на кратко ја прекина играта. Фудбалерите и судиите мораа да почекаат додека кучето да биде изнесено од теренот, а сцената веднаш привлече внимание и на трибините и на социјалните мрежи.
За неколку моменти, резултатот беше во втор план. Навивачите го следеа кучето, кое без никаква трема си прошета по теренот додека сите се обидуваа да го фатат. Ова беше еден од најубавите и најсимпатичните моменти на натпреварот, особено во вечер во која Македонија повторно остана без посакуваниот резултат.
Инаку, пред почетокот на натпреварот, капитенот Енис Барди му подари македонски дрес на капитенот на Шкотска, Енди Робертсон, во чест на неговиот 100-ти настап за репрезентацијата.
Фудбалот вечерва донесе резултат кој нема да го паметиме по добро. Но, барем кучето си замина како победник на вечерта.