Во вашиот стан не можете да правите што сакате. Законот дозволува да се вршат преправки во станот, но тоа да бидат само козметички интервенции кои нема да ја нарушат статиката на станот над, под или до вас.

Исто така доколку ги вознемирувате станарите, тие може да се обратат до управителот или претседателот на Заедница на сопственици. За значително нарушување на мирот во зградата, сопствениците имаат право да се обратат и до надлежната полициска станица, стои во Законот.

Исто така, а согласно со Законот за домување, ако при користењето на својот дел од зградата сопственикот причинил штета на други делови од зградата што се во сопственост на други лица, тој е строго должен да ја надомести таа штета, односно да ги отстрани другите пречки кои се создаваат.