Во услови на пандемија Државната лотарија склучува договори за набавка на авиобилети

Пет илјади евра ќе потроши Акционерско друштво за приредување на игри на среќа Државна лотарија на Македонија Скопје за набавка на билети оваа година.  Ова го покажуваат податоците објавени на веб страната за јавни набавки, а постапката е објавена и спроведена во услови на пандемија, затворени граници и целосно блокиран авионски сообраќај.

На одговор на новинарско прашање доставено до акционерското друштво oд таму ја потврдуваат набавката и велат дека патувањата ќе се реализираат во иден период кога ќе се создадат услови за тоа, но не даваат одговор на прашањето дали е етички во услови на пандемија и економска криза да се трошат државни пари за патувања и луксуз. Дополнителна нејасна е итноста потребата за склучување на ваков договор за јавни претпријатие кое се занимава со организирање игри на среќа

Исто така, според одлуките на Владата, во текот на оваа година времено се забранува набавка кои суштински и директно не се поврзани со справување со здравствено-економската криза од КОВИД-19, освен за оние за кои има дозвола од Владата.