Во училиште не учеа дека највисока зграда е „хармониката", па сите ја гледавме како Ајфелова кула

Во далечните педесетти и шеесетти години ги гледавме булеварите полни со автомобили, се воодушевувавме со нив и им досадувавме на постарите со прашањето: каде се сместуваат толку возила?

Колку се чувствувавме мали и сиромашни кога после кино претставата се враќавме дома, одејќи по прашливата калдрма на нашата вечно нечиста Топаана, прашувајќи кога ќе дојде таа иднина, секој да има автомобил, два телевизора, повеќекатница. Се сеќавам нѐ учеа в училиште дека највисока зграда е „Хармониката" кај Војна пекара, па сите ја гледавме како Ајфелова кула.

Но, во тие времиња без автомобил, без асфалт и без телевизија растевме на улица. Јас и денес се сеќавам на нашите игри, на нашите забави, на откривањето на околните знаменитости каде се стекнуваше храброст и се потпалуваше нашата љубопитност, се сеќава еден стар скопјанец.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.