Во туристичката понуда на Македонија се вклучени повеќе од 230 хотели категоризирани според европски стандарди

Туризмот и хотелиерството се во подем во Македонија. Заради развој на туризмот се повеќе се градат или реновираат поголеми и помали хотелчиња ширум земјава.

Во туристичката понуда на Македонија се вклучени нешто повеќе од 230 хотели кои се категоризирани според европски стандарди.

Министерството за економија според актуелните законски прописи ги категоризираше овие сместувачки капацитети. Меѓу нив се и неколку луксузни сместувачки капацитети, односно четири хотели од највисока категорија наречена супериор.

Според анализите што ги подготвило ресорното министерството во високата категорија со 5 ѕвезди се вбројуваат уште 13 хотели лоцирани во повеќе македонски градови и тоа во: Скопје, Гевгелија, Стар Дојран, Берово, Велес, Струга и Охрид.

Дел од луксузните хотелски објекти се најдоа и 46 објекти кои им нудат услуги на посетителите од класата со 4 ѕвезди и уште два од повисока супериор класа исто така класифицирана со 4 ѕвезди. Ресорното министерството исто така го има категоризирано хотелските сметувања од среден карактер, односно популарно наречен сместувачки капацитети со три ѕвезди. Тие исто така се групирани како оние што се со малку подобар квалитет, односно супериор и стандардни три ѕвезди. Бројките зборуваат дека во Македонија има пет хотели супериор со 3 ѕвезди и 67 објекти кои ги задоволуваат кавлитетот на хотелски услуги со три ѕвезди.

За туристите кои не се многу пребирливи и не претпочитаат луксузни услуги на располагање им се капацитети од пониска категорија. Се работи за сместувачки објекти со две ѕвезди кои во Македонија ги има 54 хотели, а со една 41 хотел.

Но ова не е се бидејќи во туристичките места ширум земјава се нудат приватни сместувачки капацитети, хостели и семејни хотели. Во реоните каде што има предуслови за развој на туризмот, сеуште не се води регистар на угостителските објекти на физичките лица.

Надлежните институции исто така информираат дека предвидено е значително да се зајакнат и контролите на овие објекти од страна на Државниот пазарен инспекторат. Министерството смета дека мора да има ред во овој сектор особено кога македонскиот туризм е во подем, а доказ за тоа е што според анализите на Државниот завод за статистика бројот на туристите е зголемен за над 20%.

Крајната цел е до 2020 година учеството на туризмот во бруто домашниот производ да достигне до 5%, а во моментов тоа е 1,3% во македонскиот БДП.