Во Топанско Поле нови пешачки патеки

Нови патеки за движење на граѓаните се подигнати низ големиот парк во населба Топанско Поле.

– Работната екипа штотуку заврши со регулирањето на новите патеки за движење на граѓаните во големиот парк во населба Топанско Поле. Се погриживме да има и нови парковски клупи и корпи за отпадоци. На овој начин ќе ги заштитиме зелените површини и ќе овозможиме граѓаните многу подобро да уживаат во убавиот поглед. Овој парк добива сосема нов поглед и ќе биде атракција која ќе разубави денот на секој граѓанин – информираат од општина Чаир.