Во Тетово и Гостивар „паднаа “ повеќемина дилери на дрога

На 15.07.2019 околу 23 часот и 30 минути, на улица „Киро Ристевски-Дрнц“ во Тетово, лишен од слобода e 39-годишниот тетовец  Е.И., кај кого е пронајден хероин. По документирање на случајот, против Е.И. ќе следува соодветен поднесок.

На 16.07.2019 околу 1 часот и 30 минути, при претрес на куќа на улица „Боге Велјановски“ во Гостивар, во која престојувал 15-годишен гостиварец, пронајдена е марихуана. Малолетникот е лишен е од слобода за понатамошна постапка.

На 16.7.2019 на  улица „113“ во Тетово околу 1 часот и 30 минути, лишени од слобода се:Р.Б.(53), Б.К.(27), Н.К.(42), Ш.И.(27) и 17-годишно лице, сите од Тетово, кај кои е пронајдена марихуана.