Во тешка сообраќајка загина 71-годишен возач на мопед

На експресниот пат во изградба Кочани-Крупиште кај клучката за с.Спанчево, вчера, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил и мопед, во која почина едно лице.

МВР информира дека сообраќајната несреќа се случила помеѓу патничкото  моторно возило “поло“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Д.А.(19) од с.Спанчево и мопед со марка “томос апн 6“ со кочански регистарски ознаки управуван од С.А.(71) од Кочани. 

По несреќата возачот на моторциклот бил пренесен во ЈЗУ Општа болница во Кочани за укажување на лекарска помош по што бил препратен во Клиничката болница во Штип каде починал. 

На местото на настанот бил извршен увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кочани