Во тепачка во Скопје полицаец го извлекол дебелиот крај

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против 32-годишниот Б.А. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 26. околу 2,30 часот на улицата „Иван Хаџиниколов“, при преземање на службени дејствија во врска со непосредно воочен физички напад, скопјанецот физички нападнал полициски службеник.