Во текот на вчерашниот ден вакцинирани 488 деца со МРП вакцина

Министерство за здравство информира дека вчера до 19:00 часот вакцинирани се вкупно 488 деца со МРП вакцина.

Од Министерството апелираат до сите родители да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцина, која е висококвалитетна и ефективна, а производител е GlaxoSmithKline од Белгија.

Вакциналните пунктови во поликлиниките „Букурешт“, „Бит Пазар“ и „Јане Сандански“ ќе работат и денеска (04.01.2019 година) до 19:00 часот, се наведува во соопштението од Министерството.

Оттаму потсетуваат дека се уште е на сила наредбата дека децата, кои се невакцинирани нема да бидат примени во детските градинки, со цел да се спречи ширењето на епидемијата на морбили (мали сипаници) прогласена во Скопје.