Во текот на вчерашниот ден МВР напиша 827 казни, најмногу биле санкционирани пешаците

Во текот на вчерашниот ден полицијата напиша 827 казни. Она што е интересно во оваа статистика е тоа што вчера на удар на полицијата биле пешаците со најмногу сторени прекршоци 209.

„Па така по основ на неправилно паркирање и непридржување до пропишаната брзина на движење согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера биле изречени 203, односно само 52 прекршоци. Исто така евидентиран е и зголемен број на прекршоци по основ на неносење сигурносен појас – 82, потоа 13 учесници во сообраќајот се казнети заради неносење заштитен шлем а 35 возачи заради говорење на мобилен телефон при возење.
Покрај ова вчера петмина возачи минале на црвено светло, шестмина управувале под дејство на алкохол, 69 возачи управувале возила без возачки дозволи, а пак следствено одредбите од Законот за возила – 10 возила се исклучени од сообраќак заради техничка неисправност, а 16 возила затоа што не биле со валидна регистрација“, посочуваат од полицијата.