Во тек со актуелните светски трендови во дерматолошката индустрија: PromoItalia дел од Дубаи Дерма 2023

Дубаи Дерма е традиционален годишен настан кој се одржува во Дубаи и ги обединува дерматолозите, професионалците за нега на кожа и индустриските лидери од целиот свет за да ја споделат својата експертиза и знаење поврзана со најновите достигнувања во дерматологијата и негата на кожата.

Оваа година настанот се одржа на почетокот на март и истиот на едно место собра високи и врвни научници, хирурзи, лекари за нега на кожа, сопственици на приватни компании, експерти од индустријата и сите клучни засегнати страни чија цел беше да го извлечат максимумот од овој значаен состанок, но и да добијат уште едно надградувачко искуство. Покрај одличните едукативни можности, специјализираната изложба одржана заедно со конференцијата отвори простор на деловните субјекти во индустријата да ги покажат и промовираат најсовремените производи и опрема за нега на кожа.

Anti Aging Center by Promoitalia е прв од овој вид во Македонија и единствениот носител на брендот Promoitalia на Балканот. Освен присуството и работата на домашниот пазар, следејќи ги актуелните трендови во дерматолошката индистрија тие често се дел од речиси сите големите меѓународни настани што го прави центарот подготвен за најновите трендови во оваа област. Во таа насока Anti Aging Center зема учество и на Дубаи Дерма каде брендот PromoItaliа се престави со неколку нови производи.

„Посетата на светскиот конгрес Дубаи Дерма ни отвори многу нови врати, а сонцето во Дубаи дополнително не наполни со елан и мотивација за работа“, велат од компанијата и додаваат дека веќе се подготвени искуствата од овој конгрес да ги применат во секојдневната работа во Скопје.

Присуството на Дерма Дубаи беше одличен настан за промоција на компанијата, претставување на новите производи, но и размена на искуства, запознавање со актуелните светски трендови и многу скоро ќе бидат достапни и на пазарот во Македонија преку Anti Aging Center by Promoitalia. 

Како секоја година, така и оваа присутните на настанот имаат можност да разговараат, разменат мислења и искуства, но и да ги слушнат обраќањата на импресивниот состав стручни говорници кои го споделија своето знаење на теми поврзани со дерматолошка хирургија и козметичка дерматологија.

Повеќе информации за актуелните промоции и понуди на центарот погледнете на нивниот инстаграм и фејсбук профил.