Во тек се уписите за вечерна настава во ООУ „Рајко Жинзифов“ - Драчево

Општина Кисела Вода во соработка со основното училиште за возрасни “Антон Семјеновиќ Макаренко” - Скопје, четврта година по ред организира вечерна настава за возрасни лица.

Во општинското оновно училиште „Рајко Жинзифов“ се вршат уписи за вечерна настава за лица кои досега не завршиле основно образование од разни причини.

Пријавувањата кои се во тек до 31 мај ќе се вршат во просториите на ООУ „Рајко Жинзифов“, во населба Драчево секој работен ден од 14:00 часот. Заинтересираните информации за потребната документација можат да добијат во училиштето или на телефонскиот број: 02/2 622 478. 

За лица постари од 14 години што немаат завршено основно образование школувањето трае 4 години. Додека, дооформување на основно трае од 1 до 2 години.