Во тек се градежните работи за изведба на водоводната мрежа во село Никиштани

Продолжуваат градежните работи за изведба на водоводната мрежа во село Никиштани.  

Согласно утврдената динамика, до крајот на  годинава, жителите ќе добијат стабилна водводна мрежа со која до секој дом ќе биде доставена чиста и питка вода за пиење. Изградба на вториот прстен од  дистрибутивната  примарна и секундарна мрежа е во должина од 2.200 метри и е во реализација на општина Ѓорче Петров, со поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање .