Во тек се активности за чистење на Пинтија и Стаклара – Каменик

Денес, Општина Кисела Вода во рамки на есенската акција започна со активности за чистење на сметот во месните заедници Пинтија и Стаклара – Каменик.

Со активностите за расчистување на сметот, во овие месни заедници се чистат јавните површини кои се под надлежност на локалната самоуправа.

Покрај ова, се кастрат грмушките и сувите гранки на дрвјата, а во исто време, се собира и кабаст отпад.

Општина Кисела Вода повторно апелира до граѓаните за придржување до Законот за јавна чистота, како би придонеле за почиста и поздрава животна средина.