Во тек јавниот повик за субвенции за адаптирани велосипеди за лица со телесна инвалидност

Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека е во тек јавниот повик за субвенции за адаптирани велосипеди за лица со телесна инвалидност кој ќе трае до 31.08.2018 година или до исцрпување на средствата.

Градот Скопје ќе субвенционира 50% од вредноста на адаптираниот велосипед, но не повеќе од 90.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход. За оваа намена од Буџетот на Град Скопје се предвидени милион денари.