Во тек е реконструкција на улицата Душко Поповиќ во Бутел

Општина Бутел деновива врши реконструкција на улицата  Душко Поповиќ.

Реконструкцијата е во должина од 400 метри. 

Оваа инвестиција чини над 680 илјади денари. 

Од општината најавуваат дека со реконструкција и рехабилитација на улиците не завршуваат тука, односно дека ќе има градежни активности зависно од потребите на жителите на Бутел.