Во тек е изградбата на кружниот тек во Чаир

Градежните активности за изградба на кружен тек меѓу улиците Втора македонска бригада и Кемал Сејфула, во општината Чаир, се одвиваат според предвидената динамика.

Кружниот тек на оваа фреквентна сообраќајна локација во голема мера ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот.