
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска денеска информираше дека извршила увид во градежните активности од изградбата на фекална канализација во Бабин Дол - Припор.
„Денес извршив увид во градежните активности за реализација на овој значаен инфраструктурен проект, кој се реализира во рамки на програмата „Унгарски кредит - Проекти Фаза 2“, согласно договорот помеѓу Владата на Република Македонија и Министерството за животна средина и просторно планирање за периодот 2025- 2027 година“, истакна градоначалничката.
Таа посочи дека зградбата на фекалната канализација во Бабин Дол - Припор била долгогодишна потреба на жителите и уште еден важен чекор кон модерна и функционална комунална инфраструктура.
„Со реализацијата на овој проект значително ќе ги подобриме санитарните услови и квалитетот на живот во овој дел од општината“, нагласи Стаменкоска Трајкоска.