Во тек е дератизација и дезинсекција на повеќе локации низ Ѓорче

Општина Ѓорче Петров информира дека во рамки на планираните мерки, во тек е спроведување на дератизација и дезинсекција на повеќе локации низ општината, со цел превенција од појава и ширење на штетници, намалување на ризиците по здравјето на граѓаните и обезбедување почиста, побезбедна и поквалитетна животна средина.

Градоначалникот Александар Стојкоски посочува дека ваквите активности претставуваат важен дел од континуираните напори на Општина Ѓорче Петров за создавање здрава и уредена животна средина за сите граѓани.

„Грижата за здравјето на граѓаните не е еднократна активност, туку постојана обврска. Затоа продолжуваме со превентивни мерки кои придонесуваат за поголема безбедност, подобра хигиена и поквалитетни услови за живот во секое населено место во нашата општина“, порача Стојкоски.