В недела, во Театарот за деца и младинци (ТДМ) во 19 часот премиерно ќе биде прикажан првиот македонски мјузикл за деца „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова, а во режија на Виолета Џолева.

Музиката за деца е компонирана од Александар Џамбазов, музички продуцент е Александар Митевски, кореограф е Кренаре Невзати, драматург на мјузиклот Маја Стефановиќ, а Дамир Имери е музички аранжер.

Ова е прв мјузикл за деца во кој играат, пејат, танцуваат петнаесетина деца одбрани на три аудиции, а во „Земја во која не се стигнува“ играат и тројца професионални актери, Драган Спасов Дац како гостин актер од Маккедонскиот народен театар, и Катарина Илиевска Силјановска и Мартин Јордановски од ТДМ.