Во Тафталиџе 2 се исече децениската маслинка, паркинг места се прават

Под хаштагот #УништеноСкопје иницијативата „О2“ на социјалните мрежи сподели фотографии со кои алармираше за уште една  узрупацијата на просторот во скопско Тафталиџе 2.

„Зелениот појас, дел од училишниот двор на Братство, оди крубан (ул. Гаврил Лесновски, Тафталиџе 2). Децениската маслинка се исече, што друго ако не „сува била“. Имаше исушени гранки, никој не ја одржуваше, но не беше исушена. Самите работници си одлучуваат, нит Решение со нив, ништо. Паркинг места се прават. Зошто кога на места на индивидуални куќи се градат згради, треба поголеми улици, паркинг места нема, па земи од јавното добро, зошто колите сега каде ќе си ги паркираат“, велат од „О2 Иницијативата“ од каде се залагаат за заштита и одбрана на природата и обезбедување на чиста и здрава животна средина.