Во судир на две возила повредени седум лица, меѓу нив двајца малолетници

Синоќа во 20.41 часот во Полициската станица Виница била пријавена сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Виница - с.Смојмирово, во близина на место викано „Пекланска крстосница“. Во несреќата учестувале патничко возило „сеат алтеа“ со беровски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(49) од с.Црник, пехчевско и патничко возило „сузуки гранд витара“ со винички регистарски ознаки, управувано од Л.А.(53) од Виница.

„Со тешки телесни повреди се здобил возачот Л.А., а со телесни повреди се здобиле возачот С.Р. и неговите сопатници Ќ.У.(23), Ј.Г.(45) и двајца малолетници, сите од с.Црник, пехчевско, констатирани во Општата болница Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница“, велат од МВР.