
Во Струга е приведен неготинец осуден на четири и пол години казна затвор за „криумчарење мигранти“.
Како што информираат од МВР, вчера во 13:35 часот на улицата „Маркс Енгелс“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го привеле С.Д.(33) од Неготино.
Приведувањето било извршено врз основа на судска наредба од Основен суд Неготино за доиздржување на затворска казна во траење од четири години и шест месеци за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за доиздржување на казната, додаваат од МВР.