Во српскиот Институт „Торлак“ ќе се произведуваат мРНК вакцини

СЗО даде зелено светло за Институтот „Торлак“, за вирусологија, вакцини и серуми, да почне да произведува вакцини и лекови според мРНК технологија. Институтот ги исполни сите потребни услови за ваков тип на производство.

Србија е една од првите земји низ светот кои добија ваква лиценца. Според мРНК технологијата се произведени ковид-вакцините Модерна и Фајзер. Оваа технологија се применува и за други видови вакцини, покрај оние за ковид.

Се работи за трансфер на технологијата, односно „отворање“ на патентот според кој претходно само мал број компании произведуваа лекови и вакцини.