Во среда повторно ќе се чисти на повеќе од 50 локации во Скопје

Во среда, на 14 октомври, од 11 часот ќе се спроведе нова акција за чистење на Скопје, со која ќе бидат опфатени повеќе од 50 локации во сите скопски општини.

Photo by Vitaly Gariev on Unsplash

Во акцијата „Да оставиме пример, не ѓубре“ ќе се чистат паркови, улици, пешачки патеки, јавни површини и простори меѓу зградите. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави учество на волонтери, општините, ученици и други граѓани.

Организираното чистење започна на 30 септември, а од Град Скопје најавуваат дека ваквите акции ќе се одржуваат двапати месечно.

Граѓаните што сакаат да се приклучат треба да се информираат во својата општина за конкретните локации и начинот на учество.