Во среда почнуваат со работа аеродромите

Министрите за транспорт и врски и за здравство, Горан Сугарески и Венко Филипче денеска ќе го посетат Меѓународниот аеродром – Скопје каде што ќе имаат средба со менаџментот на ТАВ Македонија.

Посетата доаѓа во пресрет на отворањето на двата аеродроми во земјава за патнички сообраќај, скопскиот и охридскиот.

Отворањето, според владината одлука треба да се случи на 1 јули.

Предвидени се строги протоколи за работа, меѓу кои се и правилата дека патниците ќе треба да пристигнат на аеродромот најмалку три часа пред нивниот лет, да носат заштитна маска постојано, да одржуваат физичко растојание и висок степен на лична хигиена.

Двата аеродрома во земјава се затворени од 16 односно 19 март како дел од мерките за спречување на влез и ширење на ковид-19.