
Засега најави за снег има само за на повисоките места. Вчеравечер на одделни патни правци низ земјава беше евидентирана појава на врнежи од ледени зрна, кои предизвикуваа брзо и ненадејно заледување на коловозите, особено во повисоките и планинските предели.
Снег и студ има и во соседна Србија. Тоа е непишано правило, дека кај и да ќе пристигне кај нас, коментираат граѓаните.
Прашањето кое иронично се поставува на „Твитер“ е дали ќе нѐ изненади!
Твитерџија со оригинален краток став:
Во Србија снег…ќе не изненади ли во Скопје пак?
Во Србија снег…ќе не изненади ли во Скопје пак
— Shelby (@LawBoy30) January 3, 2026