Во Србија повторно високи бројки на новозаразени, починале 37 лица

Од речиси 38.000 тестови направени за 24 часа, во Србија се регистрирани 19.063 новозаразени. 

Истовремено, како последица на ковид-19 починале 37 лица. 

Во болниците низ земјата се лечат голем број граѓани, а на респиратор се 138 пациенти.