Во Сплит е туристичка атракција, ние нашиот аквадукт во Скопје го оставивме сам да се уништи

Колку не знаеме да го цениме и вреднуваме скопскиот аквадукт! Ова прашање повторно се покрена во јавноста, додека се прави паралела како е среден римскиот водовод во Сплит. 

Наместо да биде една од главните туристички атракции скопскиот аквадукт не ретко е во отпад, неискосена трева, неуреден простор околу него... 

Импресивниот археолошки локалитет се наоѓа во непосредна близина на Скопје, поточно на 2 км северозападно од градот во скопската населба Визбегово. 

На социјалната мрежа Фејсбук интересна споредба со Сплит, Хрватска: 

- Сплит, аквадукт Диоклецијана, аквадукт на римскиот император Диоклецијан. Ние нашиот аквадукт во Скопје го оставме на забот од времето сам да се уништи. Хрватите го имаат средено, конзервирано, туристичка атракција направено, ние не знаеме од тоа што некој го оставил во наследство да го чуваме, негуваме и правиме туристичка атракција... пишува загрижен граѓанин за овој значаен објект во околината на главниот град. 

Минатата година градоналникот на Град Скопје најави рестврација на аквадуктот. 

- Аквадуктот пропаѓа, рече тогаш тој, 

- Аквадуктот ќе го претвориме во современ културен парк – со сцени за концерти, настани и фестивали, со уредени зелени површини и пешачки патеки. Ќе го изградиме и најдолгиот ѕид за мурали во Југоисточна Европа, како симбол на современата уметност и младинската енергија. Од запуштено место, Аквадуктот ќе стане новата визит-карта на урбаната култура во Скопје, потенцираше тогаш Ѓорѓиевски.