Во соседството евидентиран прв случај на сојот омикрон

Новата мутација на коронавирусот, наречена омикрон, е откриена во Грција, потврди министерот за здравство Танос Плеврис.

Тој рече дека е заразен грчки државјанин на Крит, кој неодамна пристигнал од Јужна Африка.

Министерот увери дека се почитувани сите карантински протоколи и протоколи за мониторинг.