Во соработка со граѓанскиот сектор се креира буџетот на Општина Кисела вода за 2019 година

Претставниците на невладини здруженија и спортски субјекти во Општина Кисела Вода имаа можност да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општината за 2019 година, што во моментов е во подготвка.

– На оваа работна средба претставниците на спортските субјекти, невладините и граѓански организации, културно-уметнички друштва, пред градоначалникот Филип Темелковски ги претставија своите потреби, предлози и идеи кои би придонеле за подобрување на нивната работа во 2019 година, наведе портпаролот на Општина Кисела Вода, Јанко Бацарија.

Посочи дека Темелковски се интересирал и за активностите кои тие планираат да ги започнат во иднина.

– Градоначалникот нагласи дека сите добри предлози ќе бидат разгледани и ќе бидат прифатени. Додека, пред претставниците на спортските клубови Темелковски истакна дека поддршката која Општината досега им ја дава ќе продолжи и во иднина се со цел да се омасови интересот за спортот и клубовите да постигнуваат подобри резултати, информираше Бацарија.