Во сообраќајка загина 31-годишен прилепчанец

Во СВР Битола вчера во 12:00 часот било пријавено дека на магистралниот пат Битола-Прилеп, кај село Беранци, патничко возило „опел корса“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од Б.Н.(31) од Прилеп, удрило во бетонски столб од надвозник.

Возачот починал на местото на незгодата. Лекар од Итната медицинска помош  констатирал смрт, а увид бил извршен од увидна екипа од СВР Битола.