Во сообраќајка тешко повредено е 25-годишно лице

Денеска, во Скопје на ул.“Кемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа.

Од МВР информираат дека несреќата се случила помеѓу патничко моторно возило “фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Л.(21) од с.Љуботен-скопско и моторцикл “вангје“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Л.(25) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

На местото бил извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.