Во сообраќајка тешко повреден мотоциклист од Велес

На 24.12.2021 околу 11.30 часот во Велес на крстосница од ул.„АСНОМ“ со ул.„Андон Шурков“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „дачиа“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Л.Д.(65) од Велес, и мотоцикл „априлија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.С.(45) од Велес.

Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и укаѓана му е лекарска помош во Општа болница Велес. Увид на лице место извршила екипа на СВР Велес.