Во следните два дена привремен сообраќаен режим на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“

На булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ денеска и утре ќе биде воведен привремен сообраќаен режим поради изведување работи на патот, соопшти Град Скопје. 

Ќе се асфалтираат двете леви сообраќајни ленти на булеварот (од страната на паркот во Чаир), на потегот од крстосницата со улицата „Џон Кенеди“ до улицата „Рокомија“.

Поради тоа ќе биде поставена соодветна патна сигнализација, а сообраќајот ќе се одвива по двете десни ленти на коловозот.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација на оваа делница и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.