Во скопско Црешево и Гази Баба се истурило - колку дожд падна вчера во државата?

Најмногу дож од 74 литри на метар квадратен вчера наврна во скопско Црешево. По него следат Гази Баба со 44 литри, Крива Паланка со 29 и Берово со 22 литри на квадратен метар, покажуваат резултатите од мерењата направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

По 18 литри на квадретен метар наврнаа во Зајчев Рид и во  Струмица, 15 на Попова Шапка,13 во скопската населба Карпош, 12 во Претор, по 11 во Ѓорче Петров и Демир Капија, 10 во Гевгелија, 9 во Кавадарци, 8 во Велес, 7 во скопски Петровец, 5 во Тетово, и по 3 литри на квадретен метар во Виница, Маврови Анови и Ѓуриште.

Од Управата посочуваат дека дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР, а  поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.