Во Скопје вчера над 160 сообраќајни санкции

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, соопшти МВР.

Изречени се 16 мерки за користење мобилен телефон, 12 санкции за возење под дејство на алкохол, шест за некористење сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.