Во Скопје вчера 144 сообраќајни прекршоци, 41 за брзо возење

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 144 мерки во контроли во областа на сообраќајот. Од нив за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.  

Како што соопшти МВР, изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за некористење сигурносен појас...

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението.