Во Скопје уапсен Шпанец за поседување дрога, во одделни случаи уапсени уште три лица

Вчера полицијата апсеше за дрога на повеќе локации низ Скопје. 

-На 20.04.2023 во 00.20 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.В.В.(23) од Шпанија, со престој во Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. 

-На 19.04.2023 во 17.45 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.И.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-На 19.04.2023 во 18.30 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ј.Р.(46) и В.С.(45), двајцата од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени прашкаста материја и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

По целосно документирање на сите одделни случаи ќе следи соодветен поднесок.