Во Скопје се вози брзо и без возачка дозвола: Изречени 214 казни за возачите

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (03.04.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 214 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 37 санкции за прекршоци што ги прават пешаците. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири санкции за некористење сигурносен појас, информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.