Во Скопје санкционирани 99 возачи, 28 под дејство на алкохол

На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 99 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 11 за возење без возачка дозвола и 28 за возење под дејство на алкохол.

Според МВР; изречени се и осум мерки за минување на црвено светло, пет за нерегистрирани возила, четири за возач почетник…

-Засилените акциски контроли продолжуваат. Да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР.