На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 99 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, 11 за возење без возачка дозвола и 28 за возење под дејство на алкохол.
Според МВР; изречени се и осум мерки за минување на црвено светло, пет за нерегистрирани возила, четири за возач почетник…
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, апелира МВР.