Во Скопје санкционирани 429 возачи, 62 за пречекорена брзина

На територијата на град Скопје вчера беа изречени 429 санкции, меѓу кои 62 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 35 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 31 за возење без возачка дозвола, а 58 санкции за неносење на заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.