Во Скопје санкционирани 161 возачи, 23 за управување под дејство на алкохол

При засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на Град Скопје изречени се вкупно 161 санкција, меѓу кои 22 за возење со брзина поголема од дозволената, 14 за управување возило без возачка дозвола и 32 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Како што информира МВР, изречени се и 10 мерки за користење на мобилен телефон, 23 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за технички неисправни возила и нерегистрирани возила, како и осум санкции за минување на црвено светло.

– Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се додава во соопштението на МВР.