Во Скопје санкционирани 117 возачи

Во текот на вчерашниот ден (03.01.2023) продолжија контролите во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје беа изречени вкупно 117 мерки.

-Изречени се седум санкции за возење повеќе од дозволената брзина, 13 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за недавање на првенство на минување на пешаци, информира МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.