Во Скопје од денеска до петок терестрично прскање против комарци

На подрачјето на Скопје од денеска до петок ќе се спроведува втората фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми и ларви од комарци.

Прес-службата на Град Скопје соопшти дека прскањето ќе се одвива во перидот од 22 до 03 часот.

Доколку временските услови се неповолни, дезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат подобри.

Од Град Скопје апелираат до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.