Во Скопје од 220 казнети возачи, 92 се за брзо возење

На територија на Град Скопје во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 92 санкции.

Како што соопштија од МВР, 21 мерка се за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување…

Засилените акциски контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.