Во Скопје од 162 сообраќајни прекршоци

На територија на Град Скопје изречени се вкупно 162 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 24 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Од МВР информираат дека се изречени и 15 мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за нерегистрирани возила, 11 мерки за непочитување на првенство на минување, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за некористење сигурносен појас, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците…

Засилените акциски контроли продолжуваат.