Во Скопје казнети над 110 возачи, 11 од нив возеле пијани

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на сообраќајните контроли се изречени вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 11 за возење под дејство на алкохол…

Сообраќајните контроли, најавија денеска од МВР, продолжуваат и во наредните денови.

Апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.